Следи нѐ
To Top

Гробишта Чаучиле: Древните скелети делуваат морничаво, но луѓето плаќаат да ги видат

Гробиштата Чаучила се наоѓаат на околу 30 километри јужно од перуанскиот град Назка. До самата локација може да се дојде со чамец преку Порома или правливиот пат што води кон Панамериканскиот автопат.

Иако се откриени во 1920 година, гробиштата не се во употреба уште од деветиот век, а единствен се по античките мумифицирани човечки остатоци, како и голем број артефакти.

Сите тела потекнуваат од иста група претколумбиски луѓе. Со оглед на тоа дека климата во перуанската пустина е многу сува, овозможила одлично „конзервирање“ на човечките остатоци.

Мумиите  до неодамна биле расфрлани по пустината во состојба во која ги оставиле разбојниците. Сега коските и разните предмети внимателно се наредени во 12 гробници.

Освен костури и черепи во некои гробници, стари со векови, можат да се најдат и остатоци од долга човечка коса, керамички предмети и други предмети чија функција истражувачите треба да ја идентификуваат.

Телата прво биле облечени во везен памук, потоа насликани со смола и на крајот положени во гробниците, изградени од тули од кал.

Сите мумии седат исправено и се свртени кон исток, како барала верата на луѓето. На голем број черепи има издупчени дупки во задниот дел од главата, преку кои е протнато јаже.

Од 1997 година ова место се наоѓа под заштита на перуанскиот закон, а туристите денеска можат да платат седум долари за два часа разгледување. Тоа е единствено археолошко наоѓалиште во Перу каде е можно да се видат древни мумиии во гробниците, заедно со предмети од тоа време.

Гробницата „оживеа“ во филмот „Индијана Џонс“ и „Кралство на кристалните черепи“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.