Следи нѐ
To Top

Магла во котлините, сончево на планините

Времето денеска на повеќе места ќе биде облачно и магливо, а сончеви периоди ќе има на повисоките места и планините. Околу пладне, сончеви периоди ќе има и по котлините. Само на места ќе дува слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

Утринава, најниска температура е измерена во Берово – 4, во Прилеп и Битола -2, Во Скопје Петровец и Маврово -1, Крива Паланка, Пожаране и Демир Капија 0, Дебар, Штип и Куманово 1, Крушево, Виница, Охрид, Тополчани, Скопје и Претор 2,  Ѓуриште и Тетово 3, Струмица 4, Гевгелија 7 и Дојран 8.

Во поголемиот дел од земјава утринава има појава на магла и ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност. Видливоста е најмала во Пелагонија и Демир Капија, каде што изнесува 50 метри.

Управата за хидрометеролошки работи најавува дека и во петок ќе се задржи стабилно време со магла и ниска облачност по котлините, но кон крајот на денот и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово во осум часот регистрира најголема концентрација на ПМ10 честичките во Лисиче 172,81 микрограми на метар кубен, 157,38 кај Ректорат, 152,12 Центар, 149,08 Гази Баба, 140,62 Карпош, 140,45 Миладиновци, 133,02 во Велес, 88,84 во Кочани, 83,37 во Куманово, 74,49 во Кавадарци, 47,17 во Кичево и 49,73 во Тетово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.