Следи нѐ
To Top

ЈА РАСПЛАКА ЕЛЕН ДИЏЕНЕРЕС: Обама ѝ ја додели највисоката цивилна награда на познатата водителка (ВИДЕО)

И највеселата личност на планетата Земја може некој да ја расплаче!

Претседателот во заминување, Барак Обама вчерачевер ги додели Претседателските медали на слободата како највисока почит доделена на цивили.

Истите беа доделени на некои од најголемите артисти, научници и спортисти меѓу кои и Том Хенкс, Елен Деџенерис, Дајана Рос, Брус Спрингстин и Мајкл Џордан.

На Елен Деџенерис ѝ беше доделен Претседателскиот медал на слободата – највисоката цивилна чест која некој може да ја добие во САД.

– „Секој кој стои на сценава ме допрел на многу моќен начин мене лично“, рече Обама за време на церемонијата, дополнувајќи дека дел од неговото претседателство се должи и на овие личности.

Најемотивно беше доделувањето на водителката Елен:

– „Комичарката Елен Деџенерис наградата ја добива не само за својот артистички придонес, туку и затоа што уште пред една деценија јавно призна дека е лезбејка, „за нашата земја да ја потурне кон правдина“. – меѓу другото изјави Обама.

<
>

Тој и се заблагодари за нејзината одлична работа, љубовта кон луѓето и сите хуманитарни проекти што ги прави низ годините на што таа не остана рамнодушна.

Додека ја добиваше наградата од поранешниот претседател на Америка, Барак Обама, таа беше видно емотивна и допре до срцата на сите во просторијата и на социјалните мрежи. Солзите се пролеаја истиот момент кога беше повикана.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.