Следи нѐ
To Top

Приказната за Дедо Мраз може да го наруши односот родител – дете

На неколку недели пред Божик, децата традиционално го составуваат својот список желби, што потоа ќе „го испратат до Дедо Мраз“.

За милиони деца ширум светот верувањето во приказната за дарежливиот старец со долга бела брада е најважниот дел од божиќните и новогодишните празници.

Но, осознавањето дека тоа е само измислена приказна, може да биде големо разочарување.

Двајцата угледни британски психолози Кристофер Бојл и Кети Меккеј сметаат дека соочувањето на детето со вистината може трајно да го наруши неговиот однос и посебно довербата кон родителот. Тоа особено, ако детето од трето лице дознае дека дотогаш родителот го лажел.

– Кога децата дознаваат дека родителите со години ги лажеле, почнуваат да се прашуваат што уште во животот е лага. Самата приказна за награда за примерното однесување може да биде протолкувана како „себична желба на родителот“ да се врати во своето детство, сметаат психолозите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.