Поврзи се со нас

Популарно.мк

Акција за собирање електронски и електричен отпад

Вести

Акција за собирање електронски и електричен отпад

Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, која ќе се одржува секоја наредна сабота во различна урбана заедница, почнува од денеска општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните од 10 до 12 часот во урбаната заедница „Стар Аеродром“ да ги пријават или донесат старите електрични и електронски апарати од домаќинствата кои не им се потребни.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.