Следи нѐ
To Top

Контроверзниот фотограф Дејвид Хамилтон изврши самоубиство

Британскиот фотограф Дејвид Хамилтон синоќа се самоуби во неговиот дом во Париз. 

Хамилтон (83), чии фотографии од голи и разголени девојки беа објавувани од познати модни списанија, поголемиот дел од животот го мина во Париз.

Тој бил пронајден во несвест од страна на негов сосед, кој повикал брза помош.

Лекарите, кои до телото пронашле лекарства, утвредиле дека Хамилтон има „срцев и респираторен застој“.

Еден час подоцна е констатирана негова смрт, која настанала како последица на предозираност со медикаменти.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.