Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОД ВЕЧЕРВА ЗАЛАДУВАЊЕ: Врнежите од дожд ќе преминат во снег

Вести

ОД ВЕЧЕРВА ЗАЛАДУВАЊЕ: Врнежите од дожд ќе преминат во снег

Пад на температурата на воздухот во попладневните и вечерните часови, а врнежите од дожд на некои повисоки места ќе поминуваат во снег, соопштија од УХМР.

– Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со засилен северен ветер. Ова ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот и во попладневните и вечерните часови врнежите од дожд на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните и крајните источни делови, а на повисоките места до околу 600 метри надморска висина помала снежна покривка, се истакнува во соопштението.

Според УХМР утре времето ќе биде претежно облачно студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб  до умерен интензитет. Врнежи ќе има и во пониските делови на земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, а на планините да се зголеми.

Утринската температура ќе се движи од – 3 до 2, а дневната од – 2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на дневната температура, но во среда и четврток утрата ќе бидат многу студени со температури од -10 до – 4 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.