Следи нѐ
To Top

Две лица повредени во сообраќајка кај Куманово

Две лица се повредени од кои едното потешко,  во сообраќајна несреќа  што се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на Куманово, соопшти денеска МВР.

Несреќата се случила во 16.30 часот, помеѓу автобус и мерцедес. Двете возила, соопшти МВР се движеле по регионалниот пат во насока на Крива Паланка. Автобусот, марка „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки кој бил управуван од 44- годишниот  Н.Р од Охрид  се движел зад мерцедесот кој пак бил управуван од  Г.С (1963), жител на општина Карбинци со штипски регистарски ознаки, по што дошло до судир на возилата.

реклама

Сопатникот и возачот од мерцедесот се повредени и со возило на итна медицинска помош се префрлени во кумановската општа болница, каде лекарите констатирале телесни повреди кај возачот, додека кај сопатникот се регистрирани тешки телесни повреди. По пружената помош и двајцата се задржани за понатамошно лекување во кумановската болница.

Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на несреќата по овластување на јавниот обвинител.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Идната недела снег и температури длабоко под нулата

    Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и...

    Информативна Редакцијаноември 29, 2016
  • Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат

    Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се...

    Информативна Редакцијаноември 29, 2016
  • Облачно и суво со умерен ветер

    Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе...

    Информативна Редакцијаноември 29, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.