//
Следи нѐ
To Top

На калифорнискиот брег испливаа „мистериозни“ желатинести суштества

На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии од желатинески суштества кои допловаа до брегот на Калифорнија и покренаа голем број расправи меѓу корисниците.

Станува збор за повеќе од илјада суштества кои ја преплавија плажата Ханингтон, заглавувајќи се во песок и предизвикувајќи општо чудење кај посетителите.

реклама

Минувачите погодуваа дали станува збор за медузи, икри од риба, морски краставици или салпами – безрбетни морски животни.

Набрзо се огласи и професорот по поморска биологија од Универзитетот на Калифорнија, Кистофер Лоу, кој изјави дека станува збор за еден вид на морски краставици.

Клод Пејнс, кој веќе 40 години работи како спасувач на плажата, изјави дека никогаш до сега не видел нешто слично и дека споменатата инвазија би можела да биде последица на феноментот „Ел Нињо“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијадекември 1, 2016
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијадекември 1, 2016
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијадекември 1, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: