Следи нѐ
To Top

БОЖИЌНИ ПОДАРОЦИ: Мажите оваа година најмногу го сакаат „паметниот чадор“

На листата на подароци „кои секој маж ги посакува, но би чувствувал вина доколку би си ги купил самиот“, што традиционално ја изработува „Голдман Сакс“, годинава се најде и „паметниот чадор“.  

Како што објави „Бизнис Инсајдер“, „паметниот чадор“ се најде меѓу најпосакуваните подароци за претстојните божиќни и новогодишни празници, како нешто што треба да го има секој маж кој редовно патува, затоа што овој чадор не можете никако да го загубите или заборавите.

Чадорот „Киша“, дело на двјаца студенти од хрватскиот град Ријека, има вграден блутут уред и ако неговиот сопственик се оддалечи од него, апликацијата испраќа предупредување до мобилниот телефон.

Чадорот важи за цврст и издржлив и при најсилен ветер, што е докажано и при тестирање на јака бура.

Покрај, „паметниот чадор“ на овогодишната листа на најпосакувани подароци се најдоа и чанта на „Тустинг“, чија цена е 775 долари, „Мекбук“ полнач, но и слика на Бернард Бафет, која чини 200.000 долари, како и фотографии со автограми на членовите на легендарните „Битлси“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.