Следи нѐ
To Top

Синот на Дејвид Бекам ќе издаде своја книга

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, 17-годишниот Бруклин изјави дека планира во мај идната година да издаде своја книга.

Сепак, не станува збор за пишано дело, туку за еден вид „албум“ со фотографии коишто Бруклин се уште не ги објавил на социјалните мрежи, слично како што направи и старлетата Ким Кардашијан претходно. А, судејќи според популарноста на младиот Бекам на социјалните мрежи, многу е веројатно тоа своевидно уметничко дело да стане и „бестселер“ во Обединетото Кралство.

„Книгата“ ќе биде насловена „Што јас гледам“ и ќе содржи 300 фотографии од популарниот тинејџер.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

error: Содржината е заштитена со авторски права.