//
Следи нѐ
To Top

Најстудено утринава во Берово, најтопло во Гевгелија

Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -8 степени, по што следува Скопје Петровец и Крива Паланка со -7 степени.

Во Маврово, каде има и снежна покривка од 2 сантиметри, минималната температура измерена до 8 часот изнесувала -6 степени, во Тетово и Куманово -5, во Скопје на Зајчев Рид -4, во Виница, Дебар и Лазарополе -3, во Журиште, Струмица, Крушево и Пожаране -2 и во Прилеп 0.

реклама

Над нулата утринава било во Тополчани, Битола и Демир Капија каде е измерен еден степен, Охрид 2 степена, Претор 3 и Штип 5. Најтопло е во Гевгелија каде утринската температура достигнала до 6 степени.

Управата за хидрометеролошки работи информира дека во првата половина од ноќта во јужните делови од земјата било значително облачно, а во северните ведро и студено. Во утринските часови облачноста насекаде се зголемила, така што времето е променливо облачно, на места со слаб ветер од променлив правец. Само во Крива Паланка дува умерен североисточен ветер.

До крајот на денот се очекува времето да биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Облачноста повремено ќе се зголемува во јужните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а максималната температура ќе достигне до 10-тиот степен.

За утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, а во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена облачност, додека во јужните делови ќе биде повремено облачно.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: