//
Следи нѐ
To Top

Сѐ што ти треба се Ареа, Казалиште, Бајага… и малку љубов! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Зошто малку љубов? Затоа што само малку љубов е потребна за да го придвижи светот кон подобро! А, вчеравечер во „Борис Трајковски“ љубов имавме во големи количини, во публиката, но и на бината… Затоа, малку изменета и дополнета познатата песна на Битлси, би звучела, сѐ што ти треба се Ареа, Прљаво Казалиште, Бајага… и малку љубов!

Спектакуларниот концерт во организација на Авалон продукција ја преполни арената „Борис Трајковски“, со надеж дека ќе прерасне во фестивал што ќе се одржува секоја година пред празниците.

реклама

Први на сцената настапија „Деца из воде“, трибјут бендот посветен на „Екатерина велика“ кои само ја вжештија атмосферата за, според посетителите, ѕвездите на вечерта, Ареа.

Публиката, желна за македонска музика, уживаше во едноипол часовниот настап на Ружица, Ивица и нивниот бенд кои ги пееја познатите хитови на Ареа, но и некои нови, со кои најавија дека после големата пауза повторно ќе се „активираат“ на македонската сцена. Енергичниот настап на Ружица уште еднаш потврди дека музиката никогаш не старее, а тука беа и фановите кои на глас ги пееја сите песна на Ареа.

tanurovski-2575

На дружењето со новинарите, тие на смеа изјавија:

– „За последните песни коишто ги направивме имавме малку судир со Ружица. Таа сака да користи и модерна електроника во песните, па можно е да има и нешто модерно, но во основа ќе биде жив рок ен рол, со живи инструменти“ – вели Ивица.

Концертниот маратон продолжи со хрватската рок група „Прљаво Казалиште“, кои како во своите најдобри денови скоро 2 часа скокаа и врискаа на бината, изведувајќи дел од старите, но и новите песни, секако, добро познати кај присутната публика – „Ми плешемо“, „Хероj улице“, „Не зови мама, доктора“ и многу други.

Пред самиот крај на нивниот настап ја испеаја „Македонско девојче“, а на моменти публиката беше толку гласна, што Младен и Јасенко и оставија на публиката да ја доврши песната. Нивниот настап заврши со големиот хит „Марина“ кој ги остави присутните без глас од пеење.

tanurovski-2664

Финалето на скоро шестчасовниот концертен спектакл заврши со настапот на Бајага. Овој пат Бајага имаше необичен избор на песни, не многу комерцијални, но сепак публиката беше повеќе од задоволна. „Зажмури“, „Тишина“, „Весела песма“, „Јер ти се љубиш“, „Кад ходаш“, „Лепа Јања“, „Плави сафир“, „Песна против малери“…уште еднаш прозвучеа одлично и покажаа дека Бајага со право е толку многу години на самиот врв на рок сцената.

15241409_1456170867744269_6344446691731012095_n

„Авалон“ со одличен настан ја затвори историската концертна година. Со најголемата рок журка.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на концертот низ објективот на нашиот фоторепортер Драган Тануровски.

tanurovski-2395 tanurovski-2407 tanurovski-2414 tanurovski-2459 tanurovski-2471 tanurovski-2525 tanurovski-2556 tanurovski-2594 tanurovski-2605 tanurovski-2624 tanurovski-2625 tanurovski-2664 tanurovski-2665 15241409_1456170867744269_6344446691731012095_n 15220039_1456171094410913_4117892737589079941_n
<
>

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: