Следи нѐ
To Top

АМАЗОН ГОУ: Продавница во која влегувате, си земате што сакате, и си одите! (ВИДЕО)

Замислете продавница во која влегувате, си земате што сакате, и си одите! Тоа веќе не е некоја сцена од филм, туку реалност!

Американскиот гигант Амазон ја отвори својата прва „паметна“ продавница во САД, „Амазон Гоу“, во која купувањето е само влегување и излегување од продавницата.

реклама

Во „Амазон Гоу“, купувачите доаѓаат, земаат продукти и си одат, а сметката за истите им се наплаќа подоцна од нивниот акаунт на Амазон. Искуството на пазарење таму се вели дека потсетува на крадење, само што ве снимаат стотици камери. 

img-3081901

Овој нов концепт на продавници ги искористува последните технологии за машинско учење, вештачка интелигенција и електронско плаќање.

Првата продавница веќе е отворена во САД, но е достапна само за вработените на компанијата Амазон, додека пошироката јавност ваквиот тип на купување ќе може да го искуси дури догодина.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Sci-fi

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.