//
Следи нѐ
To Top

Заради улога холивудски актер изгуби 22 килограми

Холивудскиот актер Адам Драјвер (33), кој во филмот „Тишина“, новото остварување на Мартин Скорсизе игра језуитски свештеник, изгуби 22,5 килограми за потребите на улогата, поради што е речиси е непрепознатлив во сцените објавени во трејлерот.

Глумецот, во едно неодамнешно интервју откри колку му било тешко да ги изгуби килограмите, но и дека доста ослабнал пред почетокот на снимањето.

реклама

– Изгубив 14 килограми пред првата клапа, а за време на снимањето уште осум ипол. Сето тоа имаше смисла. Игравме језуитски свештеници во 17-от век кои патувале две години, болни и гладни, објасни актерот и додаде дека режисерот го поттикнал на драстично намалување на килограмите.

– Бев подложен на многу екстремен режим на исхрана. За време на снимањето често немав сила да правам што било друго освен да реагирам на она што од мене го бараа на снимањето. Ми беше тешко дури и да размислувам, објасни Драјвер.

Секако, штом се вратил на вообичаените прехранбени навики и килажата се вратила на старото.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: