Следи нѐ
To Top

„Паметна“ ски маска која штити од студ

Научници од универзитетот Нотингем Трент во соработка со германската компанија „Стол“ изработија прототип на ски маска, којашто ќе го затоплува студениот воздух што го вдишуваме при скијање и така ќе не штити од бронхитис и трахеитис. 

Познато е дека при некоја спортска активност, вдишувањата кај човекот се два-три пати почести, а зиме тоа може да предизвика сериозни заболувања на системот за дишење.

реклама

Новата ски маска на прв поглед не се разликува од обичната, оти исто така е направена е од волна и ликра и се пере на вообичаниот начин. Сепак, таа содржи и елекроспроводливи влакна, сместени во делот за дишење, и батерија која се наоѓа кај задниот дел на главата.

Така, воздухот се загрева и до 40 Целзиусови степени, па скијачот има еден проблем помалку.

Прототипот на „паметната” маска беше претставен на изложбата Аутдор Индустри Авордс 2016 и е високо оценет од жирито.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.