Следи нѐ
To Top

ЏАСТИН БИБЕР НА ГОСТИ КАЈ ЕЛЕН: „Сингл сум, но не барам врска!“

Опа! Џастин ги откри сите детали за својот љубовен статус додека разговараше со Елен Деџенерес, во нејзиното шоу!

Младиот, а мора да признаеме и згоден пејач, дури по 26-ти пат гостуваше кај Елен. На Бибер воопшто не му беше незгодно да одговара на прашањата на Елен, што говори дека тие се повеќе пријатели, отколку професионални познаници.

реклама

Кога е во прашање љубовниот статус, Елен го праша:

– „Ќе преминам веднаш на главното. Со кого си во врска?“

Џастин на тоа смирено одговори:

– „Не сум со никој. Сингл сум. А и не барам никој.“

Ако ова не ви беше доволно шокатно, Елен подоцна во разговорот го праша младиот пејач дали ја користи популарната апликација „Тиндер“, на што тој одговори дека никогаш не бил заинтересиран да проба, ниту дека е заинтересиран за врска.

Жал ни е дами!

Но, ние сме сигурни дека на Џастин не му е потребна помош околу љубовниот живот, затоа што цело време е опкружен со голем број на убави девојки.

Џастин и Елен исто така разговараа за неговата кариера, големите успеси, најавија нова голема америчка турнеја, но и се присетија на слатките моменти од гостувањата на Бибер во минатото. Не заборавајте, Елен му подари автомобил на Џастин за неговиот 18-ти роденден!

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

  • Почина актерката Милена Дравиќ

    Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години, по тешко боледување, јави Танјуг. реклама

    Информативна Редакцијадекември 5, 2016
  • Нова венчавка во британското кралско семејство

    Принцезата Јуџинија, внука на британската кралица Елизабета Втора, денеска во замокот Виндзор ќе го каже судбоносното „да“ покрај Џек Бруксбенк, со...

    Информативна Редакцијадекември 5, 2016
  • Најавен холограм-настап на Ејми Вајнхаус

    Обожавателите на починатата пејачка Ејми Вајнхаус, која почина 2011 година, на 27-годишна возраст, ќе можат да ја видат повторно на концертна...

    Информативна Редакцијадекември 5, 2016
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.