//
Следи нѐ
To Top

Комичарот Џими Кимел домаќин на доделувањето на Оскарите

Џими Кимел, водител на комични вечерни телевизиски емисии, ќе биде домаќин на следната 89-та церемонија за доделување на наградите Оскар, соопшти американската Академија на филмски уметности.

Кимел во септември по вторпат беше домаќин на церемонијата за доделување на музичкие награди Еми.

реклама

Инаку Академијата многу подолго од вообичаено чекаше со објавување на името на домаќинот на оваа свеченост, што ќе се одржи на 26 февруари 2017 година.

Прашање е дали Кимел ќе може да ја врати гледаноста на оваа церемонија откако минатата година ја следеа само 34,4 милиони гледачи или најмала гледаност во изминатите 11 години. Настапот на Кимел на доделувањето на Еми наградите го гледаа 11,3 милиони луѓе, што беше нов минимун за телевизијата Еј-Би-Си.

Продуценти на церемонијата се Мајкл Де Лука и Џенифер Тод, кои исто така, првпат ќе се најдат во таа улога.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: