Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Детали од договорот за старателство на Бред Пит и Анџелина Џоли

Шоубиз

Детали од договорот за старателство на Бред Пит и Анџелина Џоли

Американски Суд го одобри договорот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за старателство над нивните деца.

Со договорот се предвидува актерот редовно да се тестира на дрога и алкохол, а децата со него нема да ги минуваат празниците, доколу тоа не го сакаат.

Според судскиот документ, Џоли го задржува старателството над шесте деца. Во договорот е предвидно да се формира тим од петмина експерти кои ќе бидат задолжени за следење на менталното здравје на семејството.

Пит и натаму ќе има договорени посети на терапевт со децата, при што интересите на децата ќе бидат секогаш на прво место. Освен редовното тестирање на дрога и алкохол, Бред ќе треба секоја недела да посетува и индивидуална и групана терапија. Децата исто така, ќе одат на индивидуални советувања.

– Бред Пит доброволно се согласи да прави тестови на дрога и алкохол. Меѓутоа, сега кога судија ги потпиша документите тоа стана задолжително, изјави извор близок до актерот.

Истиот извор уште открива дека Бред не ги видел насамо децата уште од инцидентот во авионот, кога тој имаше жестока расправија со најстариот син.

– Анџелина не се одвојува од децата по инцидентот во авионот. Иако се уште не го заврши својот филм, беше со нив цело време за да биде сигурно дека се добро, пренесува магазинот ЕТ.

Договорот може да биде променет доколку Пит одлучи да поднесе жалба

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.