Следи нѐ
To Top

ХИТ НА ГОДИНАТА: Џастин Бибер го има најгледаниот спот на „Јутјуб“ за 2016! (ВИДЕО)

„Is it too late now to say sorry…“

Џастин Бибер доживеа голем успех со албумот „Purpose“ кој беше објавен на крајот на минатата година. Тоа што следуваше по објавувањето, Џастин не го ни сонуваше! Албумот стана неговиот најпродаван албум во кариерата, а сингловите се најдоа на сите музички топ листи ширум светот.

реклама

А сега, на крајот на оваа година, стигна уште еден голем успех и признание од видео сервисот „Вево“.

Спотот на Џастин за песната „Sorry“, објавен во октомври 2015 година, се најде на врвот на листата на најгледани спотови, и тоа дури на три листи – американската, британската и светската.

Спотот во моментот има повеќе од 2 милијарди прегледи, а тие, оваа година се направени повеќе од 1.8 милијарди прегледи.

На истата листа се најдоа и неговите синглови „What Do You Mean“ (5. место) и „Love Yourself“ (6. место).

На второто место е Адел со хитот „Hello“, а на третото место е „Фифт хармони“ со најголемиот хит во нивната кариера „Work From Home“.

Ова е целосната листа:

Justin Bieber – ‘Sorry’ 1,824,823,909
Adele – ‘Hello’ 1,255,754,358
Fifth Harmony – ‘Work From Home’ 1,173,014,751
Calvin Harris – ‘This Is What You Came For’ 1,008,115,358
Justin Bieber – ‘What Do You Mean?’ 1,002,151,667
Justin Bieber – ‘Love Yourself’ 966,846,883
Drake – ‘Hotline Bling’ 899,014,469
Mark Ronson – ‘Uptown Funk’ 825,589,463
Rihanna – ‘Work’ 800,984,121
The Chainsmokers – ‘Closer’ 776,806,154

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.