Следи нѐ
To Top

Доналд Трaмп останува продуцент на „Приправник“

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе остане извршен продуцент на телевизиското шоу „Приправник” кое се емитува на каналот на Ен-Би-Си, пренесува ДПА. 

Името на Трамп во одјавна шпица ќе оди веднаш по она на креаторот на ТВ шоуто, Марк Барнет, а пред Арнолд Шварценегер, којшто сега е и водител, пишува списанието „Вараети”.

реклама

Петнаесеттата сезона на емисијата започнува на 2 јануари – 18 дена пред Трамп да стапи на должноста претседател.

Хонорарот, кој Трамп ќе го добива за секоја епизода, како сума останува непознат, но веројатно се работи за „низок“ петцифрен износ, наведува изворот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.