//
Следи нѐ
To Top

Игор Јосифов со самостојна изложба во Скопје

Со задоволство ве покануваме на самостојната изложба „Continuum“ (Континуум) на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов, која ќе се отвори на 14 декември во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 20 часот.

На оваа изложба премиерно ќе бидат презентирани уметнички дела на Јосифов кои подоцна ќе бидат изложени во „Defibrillator Performance Art Gallery“ во Чикаго, САД каде што ќе се заокружи оваа уметничка целина.

реклама

Преку делата на „Continuum“ Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што оганот како алатка во уметничките перформанси го овозможува за транформација.

Изложбата ќе содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес.

„Continuum“ претставува инспирација од неговиот мултимедијален проект „Untie“, но вродува нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат прикажани во МКЦ.

Проекцијата на филмовите на Јосифов ќе се одржи истата вечер на 14 декември со почеток во 21:30 часот во кино Фросина, по отворањето на изложбата.

Хана Регев, која беше куратор на „Дада сега и овде“ на Интернационалниот уметнички фестивал во Сан Франциско 2016 година, каде што Јосифов се претстави со „Untie“ при рецензијата за неговото дело запишува дека тој поставува егзистенцијално прашање за слободата и балансот.

– Со „Untie“, уметникот ги евоцира многуте битки и прикажува една континуирана линија од дадаистичките почетоци, до прославата на стогодишнината на „Дада тука и сега“, која оддава почит на раните дадаистички пионери кои се бунтуваа против опресивната уметничка крутост, во уметност и во секојдневното општество. „Untie“ е моќен симбол на принципот на јадрото кое се дели од страна на уметници и граѓани кои ja окупираат глобалната сцена – рецензира Регев.

– Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себе-истражување и слобода низ проектите како „Manumission“, „Taming Fire“, „Burning Words“, „Wit-ness“ and „2-dimensional“ – вели Игор Јосифов.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: