Поврзи се со нас

Популарно.мк

На повидок нова кралска венчавка?!

Занимливости

На повидок нова кралска венчавка?!

Откако принцот Хари ги прекрши правилата на британското кралско семејство за да ја посети својата девојка Меган Маркл во Канада, се почести се гласините дека на повидок е нова кралска венчавка.

Има многу показатели кои говорат во прилог на тоа дека свршувачката на британскиот принц Хари и актерката Маркл ќе се случи до крајот на годината, а колумнист на „Гардијан“ претпоставува дека е можно оти и оваа бомба кралицата да ја соопшти при годишното телевизиско обраќање помеѓу информациите за посетите на институциите и градините.

Во прилог на ваквите гласини се наведува и тоа што двојката носи идентични белегзии, а меган Маркл стави и гердан со буквите М и Х, која, како што тврдат медиумите, чини 240 долари. Исто така, за време на престојот во Лондон, Маркл отседна во палатата Кенсингтон.

Некои извори тврдат дека и кралицата дала благослов за венчавката.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.