//
Следи нѐ
To Top

На појадок со новинарите Тајфата на Коки ги претстави новите проекти и идеи (ВИДЕО)

Никола Јанков, познат на сите како Коки од дуото Дуле и Коки, денес го промовираше новиот видео спот со својата Тајфа.

Записот е снимен заедно со „Томато“ продукција. Во видеото Коки ја интерпретира „Слушам кај шумат шумите“ со вокал од Андријана Јаневска, и на гитара свири Ивица Јорданов.

реклама

– „25 години, и повеќе, не се малку да си во оваа сфера на работа. Секој си креира свој пат и како годините доаѓаат така патот е се појасен и појасен. Од кога знам за себе ја сакам македонската чалгија и затоа со енергијата која ми ја дава помислата на Дуле и поддршката од моите соработници, од мојата тајфа, ќе продолжам да ја свирам оваа музика насекаде во Македонија, на свадби, на прослави, по медиуми, насекаде.“ истакна Коки за време на промоцијата на спотот.

Тој додаде дека планира повторно издавање на албум во текот на пролетта. Коки зборуваше и за деновите поминати со Дуле и пријателите навраќајќи се на наградата кои тие заедно ја добиле пред 20 години на Макфест. Според Коки мотивацијата од старите денови никогаш не го напуштила и затоа тој продолжува со создавањете на нов музички правец – македонски новоградски рокенрол со својата Тајфа.

Коки порача дека е вистинско уживање да се работи со Андријана Јаневска и Ивица Јорданов пофалувајќи ги за нивната професионалниост и вклученост. Воедно, Коки посочи дека за издавањето на албумот „Еден пат, еден живот“ одговорни беа Габијано продукција.

Во однос на тоа што најмногу сака од животот Коки пред сите порача дека најголема пасија и цел му е да биде професор во музичкото училиште Илија Николовски – ЛУЈ на најдобрите идни виолинисти во Македонија и пошироко.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: