//
Следи нѐ
To Top

Празнување на Свети Георгиј – Посен

Свети Георгиј – Посен 

Уште еден празник посветен на свети Георгиј Победоносец.

реклама

Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар.

И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божикните пости.

Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга“, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

Подготви Марко Китевски

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: