Следи нѐ
To Top

Уште еден успех на Мартинијан надвор од Македонија

Нашиот млад пејач Мартинијан Кириловски деновиве престојуваше во Австрија, а поводот за тоа беше настап во популарната дискотека „Фокс“, во градот Линц.

– „Во Линц настапивме по покана на господинот Венцо Делев кој е директор на тамошното македонско друштво. Поминавме феноменални моменти таму , посебно вечерта кога во дискотеката пеев за нашите Македонци што живеат во оваа држава. Срцето ми се наполни додека ги гледав како се радуваат на убавата македонска песна. Не пречекаа одлично, запознав многу нови пријатели и денеска од таму се враќам со прекрасни спомени“, вели Мартинијан.

реклама

Уште еден успех на Мартинијан надвор од Македонија

Мартинијан, кој регионалната публика го запозна преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“, успешно продолжува со настапите во и надвор од Македонија, а на последниот во Линц, беше придружуван од момците од „Амеба бенд“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.