Следи нѐ
To Top

За разводот на Бред и Анџелина виновна босанката Арминка Хелиќ

Причината за нарушените односи меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли биле британската политичарка Арминка Хелиќ (48), која имала потекло од Грачаница, крај Тузла, и британката Клое Далтон (37), пишуваат британските таблоиди.

Тие се советнички на Анџелина, кои Бред Пит веќе не можел да ги поднесува, бидејќи не се одвојувале од неговата сопруга, па тој со неа веќе не можел ни да позборува на само.

реклама

Персоналот кој работел кај  холивудската двојка, наводно, двете жени ги нарекувал вештерките кои ја маѓепсаа Анџелина.

Бред побарал постапката на разводот меѓу него и Анџелина да биде таен, но судот го отфрлил барањето. Актерот побарал и документите за грижата над шесте деца да бидат тајни. Во моментов грижата за децата ја има Анџелина, а Бред сака таа грижа да биде заедничка.

Според пишувањето на странските медиуми, Анџелина го обвинила својот сопруг за злоставување на синот Мадокс само за да може да ја добие работата во Обединетите нации и да се пресели во Лондон, а тоа ќе го можела само доколку ја имала грижата за децата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.