Следи нѐ
To Top

МВР: До 13 часот се евидентирани повеќе изборни нерегуларности

Од отворањето на гласачките места до 13:00 часот, според Оперативниот штаб на МВР, нема поголеми инциденти, а евидентирани се неколку помали во кои соодветно е интервенирано.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на денешната прес-конференција информира дека јавната безбедност е стабилна и сите случаи кои се процесуирани се изолирани и полицијата е максимално фокусирана и ефективно продолжува со превентивно работење и интервенирање.

реклама

Помошник министерот на Одделот за односи со јавност Јордан Ламановски на прес-конференцијата информираше дека на подрачјето на СВР Скопје во С.У. „Кочо Рацин“ на гласачко место 2556 било прекинато гласањето во 08:27 часот затоа што гласач откако гласал го фотографирал и искинал гласачкото ливче. Лицето е приведено во полициска станица Ѓорче Петров и гласањето е продолжено во 08:47 часот.

– На избирачко место во О.У. „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје пред започнување на гласањето на 100 метри од гласачкото место имало испишани графити со политичка порака. На улица „12. Ваташки другари“ во Неготино пред куќен број 25 од непознат сторител со спреј се испишани графити на две патнички возила во приватна сопственост. Вчера во село Света, демирхисарско е пријавено дека две лица делеле пари по куќи во селото. Во Валандово на гласачко место 0281 лице откако гласал го фотографил гласачкото ливче. Во Чаир е приведено лице со возило што на местото на регистарските таблички имало испишано политички пароли, изјави Ламановски.

На избирачкото место 531/1 во село Здуње, Гостивар, продолжи Ламановски, лице Ј.С. вработен во МВР се појавил на избирачко место во својство на контролор на политичка партија во Општинската изборна комисија, по што тој бил отстранет и се преземени мерки за документирање на случајот.

– Во 9:40 во Охрид на гласачко место број 1283/1 претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека на 100 метри од гласачкото место лица агитираат.  Во 9:45 на 192 е пријавено дека во Охрид лицето Ѓ.Б. врши агитирање. На гласачко место 1849 во 9:40 во Струга е пријавено дека алкохолизирано лице, претставувајќи се како набљудувач подолго време се задржал на гласачкото место не дозволувајќи на лица да гласаат. Лицето е приведено со 3,6 промили алхохол во крвта и задржано до негово отрезнување, рече Ламановски.

Информираше дека во населба Шуто Оризари диви таксисти со 14 патнички возила превезувале патници до гласачките места и агитирале, додека во ходникот на О.У. „Браќа Рамиз“ група од пет-шест лица на гласачките места сугерирале гласање за одредена политичка партија. Во населбата се пријавени и две возила со политички обележја на вратите како превезуваат гласачи, а било пријавено и патничко возило што на местото на регистарската табличка имало обележја на политичка партија.

– Во село Нова Колонија во училишниот двор на О.У. „Петар Петровиќ – Његош“ три лица со шалови и партиски одбележја ги пречекувале гласачите и сугерирале за кого да гласаат. Полициски службеник што не бил на должност пријавил дека добил телефонски повик од лице што се претставило како колешка прашувајќи го зошто се јавува на 192. Во 9:52 часот во Дебар лицето З.О. пријавило дека добил телефонски повик од лице што барало да гласа за одредена политичка партија, рече Ламановски.

Возило „Хамер“ со црна боја, информира Ламановски, во 8:30 часот е забележано во село Брест како дели пари на граѓани, по што истото е забележано во општина Бутел и се преземени мерки за расчистување на настанот.

– Околу пазарот во Ѓорче Петров е пријавено дека лица со патничко возило „сеат алтеа“ агитирале околу изборите и гласањето. Лице од Хелсиншки комитет пријавило лица кои нуделе пари на Роми за гласање за одредена политичка партија. Во Драчево е пријавено бело комбе како превезува гласачи. ДИК во село Зајас пријавило дека група граѓани што не биле на избирачкиот список го попречувале гласањето. На 192 во Охрид лицето Ѓ.Б. пријавил дека на гласачко место 1279 имало лица кои агитираат, рече Ламановски.

На избирачко место 2032 во Долно Седларци, како што информира Ламановски, лицето И.Т. вработен како обезбедување во Тетово агитирал на гласачите за одредена политичка партија, по што се преземени мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.