//
Следи нѐ
To Top

МОСТ РЕГИСТРИРА НЕПРАВИЛНОСТИ: Гласачи го фотографирале своето ливче во Радовиш и Ѓорче Петров

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места се распоредени 2.664 набљудувачи кои покриваат околу 55% од гласачките места во Република Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

реклама

Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Гласачкото место 1036 во општина Куманово е отворено со 15 минутно задоцнување. Гласачкото место 2210 во општина Велес е отворено со 30 минутно задоцнување поради тоа што немало електрична енергија.

Досега, забележано е:

ГМ 1580/1, општина Радовиш, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор не забележал и не реагирал.

ГМ 2556, општина Ѓорче Петров, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче. Повикана е полиција.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Напоменуваме дека тајноста на гласот е загарантирана и апелираме до избирачките одбори да ги информираат гласачите дека се гласа само со заокружување, со пенкало со сино мастило.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на изборите, како и излезноста на гласачите, МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста на уште три конференции за јавност и тоа во 11 часот, во 14 часот и во 19 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на мандатите, соопштуваат од МОСТ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.