Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сончев ден со температура до 20 степени

Вести

Сончев ден со температура до 20 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, во јужните и југозападните делови ќе има мала до умерена облачност и слаб северен ветер. Претпладне по некои котлини ќе има слаба магла. Минималната температура ќе изнесува минус шест степени, а дневната ќе достигне до 20 степени целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 13 степени.

Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.

Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од -9 до 0 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.