Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВО МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Владо Георгиев и Тони Цетински доаѓаат во Скопје

МК Сцена

ВО МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Владо Георгиев и Тони Цетински доаѓаат во Скопје

Владо Георгиев и Тони Цетински во иста вечер, на исто место и во исто време…

Скопје, но и цела Македонија ќе има прилика да ужива на заедничкиот концерт на едни од најголемите музички имиња на Балканот – феноменалниот Владо Георгиев и инзворедниот Тони Цетински.

Кој од кој подобар, а доказ за тоа се нивните многубројни хитови кои се пеат од Вардар па до Триглав. Македонската публика ќе има прилика да ужива во песните како: „Живим сад“, „Ако ми лоше крене“, „Хеј ти“, „Анџеле“, „Опет си побједила“, „Ако то се зове љубав“, „Од милијун жена“, „Кад жена заволи“ и уште многу, многу други.

Музичкото уживање е закажано за на 18. февруар во нашата најголема концертна и спортска сала „Борис Трајковски“, односно „Вип арена“.

– Веруваме дека ова ќе биде едно најдобрите музички случувања во Македонија во последните години. Ние сме особено горди што едни од најзвучните музички имиња во регионот ја прифатија нашата покана за организирање еден ваков голем концертен спектакл – велат организаторите „Прагма“.

Нека февруари биде месец на љубовта, виното и најдобрата музика од Балканот…

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажните места на „купикартизасе“ по симболична цена од 400 денари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.