Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нашата роденденска желба е да и помогнеме на Јана

Сцена

Нашата роденденска желба е да и помогнеме на Јана

На 16-ти декември, во локалот „Сквер 21“ со почеток од 21 часот, дел од подмладокот на Лајонс Дистрикт 132, ќе го прослават својот втор роденден.

Под мотото: ХУМАНОСТ-потреба на денешницата, се надеваме дека ќе допреме до што повеќе срца и ќе се потсетиме на среќата што ја носи можноста да се помогне.

Средствата собрани од оваа забава, ќе бидат донирани на Јана Арсовска, која после 10-месечно лекување ја победи битката против ракот. Сега и престои период на закрепнување, терапија и контрола во месец јануари. За сè ова потребни се 5000 евра.

Лео Игнис, Лаурус, Феникс и Лумос, Ве повикуваaт да се придружите на оваа забава, да се забавуваме, да ги прославиме досегашните успеси, но најважно да и помогнеме на Јана.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.