//
Следи нѐ
To Top

Од Скопје до Будимпешта за 1.199 денари!

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа и лидерска авиокомпанија во Македонија, денес ја објави новата рута од Скопје до главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Најновата услуга на WIZZ ќе започне на 2 Април и ќе се спроведува два пати неделно, во среда и недела. Седиштата се веќе на продажба и можат да се резервираат за само 1.199 МКД на wizzair.com

реклама

Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис аспект, така и за туристите кои патуваат за задоволство. Покрај неговата погодна локација, во срцето на Европа, познат е по своето богато културно наследство, одлична кујна и богат ноќен живот. Со новата рута, WIZZ исто така нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа по најниските цени на Wizz Air.

Првиот лет на WIZZ од Скопје, полета во Јуни 2011 година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во Октомври 2012 година, Wizz Air ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот Јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

Во првите 11 месеци од 2016, Wizz Air пренесе околу 1 милион патници со неговите ниско-буџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места во различни индустрии.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: