Следи нѐ
To Top

Ламар Одом повторно на рехабилитација

Поранешниот кошаркар на „Езерџиите“ од Лос Анџелес, Ламар Одом повторно самиот доброволно се пријави на рехабилитација, откако одново не одолеа на пороците кои во минатото за малку и ќе го убиеја.

Проблемите на Одом започнаа по смртта на неговиот син Џејден. Новороденчето кое почина во 2006 од т.н. Синдром на ненадејна детска смрт (СИДС), вчера требаше да го прослави единаесетиот роденден.

реклама

По семејната трагедија, носителот на двоен шампионски НБА прстен се оддаде на алкохол, проститутки и дрога, што мината година речиси го чинеше и живот. Тоа го принуди на рехабилитација, која по се изгледа не била успешна, оти кусо потоа тој повторно им се врати на пороците.

Дополнителен проблем за Одом периодов беше и разводот со ѕвездата од реалните шоуа, Клои Кардашијан

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.