//
Следи нѐ
To Top

И кога температурите се под нулата, изнесете го детето надвор

На децата им требаат свеж воздух и активности во зима, како и во текот на другите годишни времиња. Изнесете го детето надвор.

Со топли длабоки гумени чизми и топли волнени чорапи опуштете се и уживајте заедно со вашето дете. Децата треба да бидат деца. Да шлапкаат, да си играат, да бидат нечисти.

реклама

Ќе бидат поздрави

Кај многу деца кои не поминуваат доволно време надвор доаѓа до недостиг на витамин Д. Воздухот во домот е помалку здрав. Децата кои си играат надвор имаат подобар вид и поретко им се потребни очила. Се претпоставува дека тоа меѓу другото е и поради тоа што помалку време поминуваат пред екранот.

Ќе бидат посреќни

Сонце, свеж воздух и физичка активност потттикнуваат на подобро расположение.

Добиваат нов другар, Снешко Белчо

Костени, гранчиња, камчиња – ќе ги заменат очите, устата и стапот. Земете од дома и морков за носот и вашето дете со задоволство ќе учествува во оваа снежна церемонија.

И на крајот, не заборавете на фотографирање во снегот, ќе имате убави фотографии.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: