Поврзи се со нас

Популарно.мк

Седум работи кои не сте ги знаеле за Ајфеловата кула

Магазин

Седум работи кои не сте ги знаеле за Ајфеловата кула

Ајфеловата кула го добила името по својот дизајнер Александар Густав Ајфел, роден на 15 декември 1832 година во Дижон.

На 184-годишнината од раѓањето на францускиот архитект се потсетуваме на неговото најпознати дело посочувајќи седум работи кои не сте ги знаеле за Ајфеловата кула.

1. Ајфеловата кула има форма на тенка пирамида со четири носачи од решетки, кои се издигнуваат на 324 метри височина. Металот се шири на сонце, па кулата расте до 15 сантиметри во топлите денови од годината, а се намалува со текот на студените месеци.

2. Кулата се состои од три дела, првиот дел се наоѓа висина од 57 метри, вториот е на 115 метри, а треттот е на 276 метри.

3. Кога Ајфеловата кула би се споредувала со просечна зграда таа би имала 75 катови, при што тука не е пресметана антената висока 21 метар на нејзинот врв.

4. За нејзина изградба биле потребни две години, два месеци и пет дена и група од 300 работници.

5. До врвот на Ајфеловата кула има повеќе од 1600 скалила, но отворени се за качување само оние до вториот кат. За таа авантура треба да се плати цена од седум евра. Лифтот до вториот кат чини 11 евра, а до врвот 17 евра.

6. Во нејзината изградба се потрошени 18 илјади метални делови кои тежат повеќе од 10.000 тони.

7. Во целиот свет се наоѓаат околу 50-тина реплики на овој прекрасен архитектонски објект, а најимпресивните копии се наоѓаат во Лас Вегас, Токио и кинескиот град Шенжен.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.