fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сончево, но студено – од понеделник врнежи од снег!

Вести

Сончево, но студено – од понеделник врнежи од снег!

Најстудено со -12 степени изутринава е во Лазарополе. Во Берово се измерени -11, во Маврово -9, во Крушево -8, Крива Паланка -7 Скопје, Дебар, Демир Капија, Виница, Тетово, Штип и Струмица -4, во Охрид, Битола, Претор, Куманово и Прилеп -3, и нула степени во Гевгелија и Дојран, соопшти УХМР.

Провејува слаб снег на планините и повисоките места во западните и северните делови.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 5 степени.

За викендот и в понеделник изутрина времето ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала  облачност и со благ пораст на дневната температура. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, и до крајот на работната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и снег.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.