Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тројца малолетници нападнати кај Јаја Паша

Вести

Тројца малолетници нападнати кај Јаја Паша

Тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години вчера биле нападнати на улицата „Цветан Димов“, кај Јаја Паша, во Скопје. 

Како што информира денеска МВР, случајот вчера во 19:25 часот во ЕИК-Скопје го пријавиле од ГОБ „Св.Наум Охридски“. Во болницата биле донесени тројцата малолетници, од кои 16-годишно лице со повреда од остар предмет во пределот на десното рамо, уште едно 16-годишно лице со повреда од тврд предмет во пределот на главата и 17-годишно лице со две убодни рани од остар предмет.

По укажаната лекарска помош двете 16-годишни лица биле пуштени на домашно лекување, а 17-годишното лице е задржано на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за нападот и пронаоѓање на сторителите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.