Поврзи се со нас

Популарно.мк

Две лица повредени при пад и лизгање на Попова Шапка

Вести

Две лица повредени при пад и лизгање на Попова Шапка

Седумнаесетгодишно момче рано изутринава се здобило со тешки повреди кога се лизнало од карпа на Попова Шапка, додека вчера таму при пад во дол се повредила и една 34-годишна жена. Лицата на лекување во Скопје биле префрлени со хеликоптер.  

Полицијата соопшти дека рано изутринава во 1:35 часот во Полициската станица Попова Шапка, Д.Б. од Скопје пријавил дека во 1:15 часот телефонски му се јавил планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, при што кај м.в.„Бакардан“, се случило несреќа во која 17-годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се здобило со повреди и е во тешка здравствена состојба.

По ова се правени обиди телефонски да се стапи во контакт со групата, но на телефонските броеви со кои се располагало, врска не можела да се воспостави, најверојатно поради мрежна непокриеност на просторот.

Околу 3:15 часот кон местото каде што е пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за помош во посебни услови. Лицата биле пронајдени и со хеликоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување медицинска помош.

Вчера во 13:25 часот вработен во МВР пријавил дека на планината Попова Шапка на Титов Врв на месноста викана „Бакардан“, женско лице се лизнало и паднало во дол, при што се здобила со повреди и не била во животна опасност.

Од страна на СВР-Тетово утврдено е дека се работи за Д.Д.П.(34) која со хеликоптер е пренесена во ГОБ„8-ми Септември“-Скопје за укажување на лекарска помош.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.