Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонката Мина го воодушеви жирито во „Ѕвездички“ со песна од Каролина! (ВИДЕО)

МК Сцена

Македонката Мина го воодушеви жирито во „Ѕвездички“ со песна од Каролина! (ВИДЕО)

Македонското девојче Мина Блажев со освоени пет гласа од стручното жири се пласираше директно во четвртиот круг на талент шоуто „Ѕвездичките на Пинк“, пренесува порталот ТВ ПАКЕТ.

Мина по двете странски песни кои ги испеа во првите два круга, овојпат се одлучи за македонска песна. И тоа не од било кој. Таа ја отпеа веќе антологиската „Бегај, бегај“ од мега-ѕвездата Каролина и ги стопи срцата на сите во студиото и пред малите екрани во регионот.

– Како што почнавме, така и завршивме. Ова беше толку свечено и величенствено. Многу си музикална, емотивна, се’ ми се допадна – искоментира Јелена Томашевиќ, на што се надоврза времениот член во жирито, Милан Станковиќ :

– Вие од Македонија сте опасни пејачи. Секоја сезона некој растура во Ѕвездичкиве. Прво беше Трајче, потоа Мартија, сега ти. Се препуштив на милите звуци и уживав во изведбата.

За Гоца непотребно беше да се коментира такво беспрекорно пеење кое звучи совршено. Таа не можеше да ја скрие радоста од интерпретацијата на Македонката која пееше на македонски, па затоа гордо и’ се заблагодари што им го пружи тоа уживање.

За голема жал, македонските гледачи и фанови на ова шоу се лишани оваа сезона да ги гледаат и бодрат нашите натпреварувачи. Одлуката на ЗАМП за забрана на македонска музика за радиодифузно емитирање ја спречи Мина да достигне голема слава преку ова шоу кај македонската публика.

И покрај тоа, ние сме тука да ви го презентираме најдоброто, а за вакви таленти секогаш ќе има место кај нас.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.