//
Следи нѐ
To Top

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Во Берово измерени – 15 степени

Минус петнаесет степени се измерени изутринава во Берово, каде беше најстудено во Македонија. Во Скопје Петровец се измерени – 11 степени, во Куманово, Крива Паланка и Прилеп се измерени – осум, во Дебар и Скопје на Зајчев Рид – 7 степени, во Гевгелија, Виница, Лазарополе, Претор, Охрид, Маврово – 6, во Крушево – 5, во Тополчани -4, во Пожаране и Ѓуриште – 3 и во Дојран – 1 степен.     

Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена локална облачност, каде ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

реклама

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст. Од средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: