Следи нѐ
To Top

Скопјани „мрднаа со прст“ и го исчистија скопскиот аквадукт

Викендов во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и собираа отпадоци околу Скопскиот Аквадукт во Визбегово, археолошки локалитет кој претставува една од позначајните знаменитости на градот. На акцијата за чистење на Аквадуктот на граѓаните им се приклучија и Националниот младински совет (НМСМ) и Сојуз на извидници на Република Македонија.

Проблемот со отпадоци околу Скопскиот Аквадукт беше пријавен од страна на неколку граѓани на мапата на веб страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниот месец прими повеќе од 50 пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја.

реклама

Неколку од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се веќе поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции реализирани во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локални граѓански иницијативи во градовите низ земјава.

Скопјани „мрднаа со прст“ и го исчистија скопскиот аквадукт

Така, во рамките на кампањата, во Битола беше реализирана граѓанска акција за подигање на свеста за загадувањето на воздухот, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

Во рамките на „Мрдни со прст“ во тек е и уличен караван по плоштадите низ целата земја кој досега помина во 6 градови и вклучува настани на кои граѓаните имаат можност да го искажат својот став и мислење по разни општествени прашања преку неколку интересни активности.

Скопјани „мрднаа со прст“ и го исчистија скопскиот аквадукт

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

„Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.