Следи нѐ
To Top

ОХРИД КОЛИНГ 2017: Суперстар диџејот Хардвел доаѓа на 2-ри август во Македонија!

Глобалната суперстар диџеј ѕвезда Hardwell за прв пат ќе настапи во Македонија, во рамките на фестивалот Ohrid Calling 2017, на 2ри август на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака.

реклама

Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи.

Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.