Следи нѐ
To Top

Трамп го поздрави неговиот официјален избор за претседател на САД

Доналд Трамп го поздрави неговото официјално избирање за претседател на САД од Изборниот колеџ.

Трамп во изјавата вети дека ќе ја обедини земјата и ќе биде претседател на сите Американци. Тој ја означи победата како историска.

реклама

– Таа стана можна поради будењето на милиони мажи и жени во целата земја, рече Трамп.

Неколку минути претходно, кандидатот на републиканците официјално ја прогласи својата победа.

– Успеавме!, напиша тој на Твитер, откако го обезбеди неопходното мнозинство во Изборнииот колеџ.

При пребројувањето на сите гласови Трамп освои 304, додека кандидатката на демократите Хилари Клинтон 227 гласови. За победа во 530-члениот Изборен колегиум потребно е мнозинство од 270 гласови.

Претседателските избори во САД се индиректни. На 8 ноември избирачите во земјата гласаа за членовите во Изборниот колеџ, кој потоа официјално го бира шефот на државата.

За 6 јануари е свикана заедничко заседание на двата Дома на Конгресот, кои ќе ги утврдат резултатите од гласањето во Колеџот.

Трамп ќе стане 45. претседател на САД на 20 јануари, кога ќе положи заклетва.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.