Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали сте засегнати од климатските промени?

Наука

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали сте засегнати од климатските промени?

Ве покануваме да учествувате во електронското испитување на јавното мислење (http://klimatskipromeni.mk/UNDP/SURVEY/index.html)

Анкетата ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации во рамките на проектот: „Втор двогодишен ревидиран извештај за климатски промени“.

Во рамките на „Првиот двогодишен ревидиран извештај за климатски промени“ при крајот на 2014 година спроведено е електронско испитување кое обезбеди податоци за информираноста и перцепцијата на јавноста во Македонија за климатските промени.

Од тука, целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали свеста и подготвеноста да се реагира на климатските предизвици е променета. Компаративната анализа на резултатите ќе помогне за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор и напредок на Република Македонија во исполнување на обврските поврзани со климатските промени (кон меѓународната заедница/Парискиот договор/УНЦФЦЦ).

Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.klimatskipromeni.mk/. Во меѓувреме, може да видите како одговориле останатите испитаници на некои од прашањата на линкот кој ќе Ви биде прикажан откако ќе ги дадете Вашите одговори.

Исто така, би сакале да Ве замолиме да го споделите прашалникот со препраќање на линкот до вашите професионални контакти со што истражувањето би било помасовно.

Одговарањето на прашалникот ќе Ви одземе најмногу 10 минути.

Ви благодариме за соработката.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.