Следи нѐ
To Top

КАРОЛИНА: Нема да го тужам Град Скопје

Откако Бобан Милошевски, сопственик на Авалон продукција, на својот Фејсбук профил најави дека ќе го тужи Град Скопје поради откажаната новогодишна прослава, се огласи и Каролина Гочева, која напиша дека нема намера да го тужи градот.

-Би сакала да се оградам од некои наводи дека јас, како Каролина Гочева имам намера да го тужам Град Скопје за откажувањето на Новогодишната прослава. Баш напротив, сметам дека е добро што парите се пренаменети за некој на кој тоа му е потребно и како и во многу други прилики сум тука да помогнам. Значи, уште еднаш, за сите шпекулации на темава, јас не учествувам и нема да учествувам во никаква тужба, пишува пејачката на социјалните мрежи.

реклама

karolina-gb

На дочекот на Новата 2017 на плоштадот Македонија граѓаните требаше да ги забавуваат Каролина Гочева, Миле Кузмановски и Слаткар.

Град Скопје денес преку соопштение ги информираше граѓаните дека ја откажува прослава и средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе бидат донирани во социјални цели.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.