//
Следи нѐ
To Top

Патник симнат од авион затоа што ја „навредувал“ ќерката на Трамп

Патник бил насила симнат од авион на американската авиокомпанија „Џет Блу“ со кој требало да патува, затоа што „ја навредувал“ ќерката на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен.

Инцидентот се случил на њујоршкиот аеродром „Џон Кенеди“ додека патниците влегувале во авионот, а леталото се подготвувало да полета на својот редовен лет до Сан Франциско.

реклама

Компанијата потврди дека членовите на екипажот на авионот биле „приморани на една ваква мерка“, но не даде никакви детали за тоа што навистина се случило.

Во авионот била и ќерката на Трамп, Иванка, заедно со нејзниниот сопруг Џаред Кушнер и нивните деца, кои патувале за Хаваите, каде семејството ќе биде на одмор за божиќните и новогодишните празници.

Некои од патниците кои седеле пред и зад редот во кој било семејството на ќерката на Трамп, изјавиле подоцна за Си-Ен-Ен дека патникот кога забележал кој се наоѓа во авионот, рекол: „Вие ја урнисавте нашата земја, а сега го урнисувате и нашиот лет“.

Навредената Иванка, тогаш повикала член на елипажот и му рекла дека „не сака да се случуваат вакви работи“.

Во соопштението на „Џет Блу“ се изразува жалење што елипажот на авионот морал така да интервенира и тоа го објаснува со прописите на компанијата, според кои може да се реагира на тој начин, доколку се оцени оти би можело да дојде до посериозен конфликт во авионот.

Никој од другите патници не икажува дека такво нешто можело да се случи, но патникот, за кого сопатниците изјавиле дека бил потресен и видлово растревожен, бил принуден да го напушти авионот.

Компанијата ја уверува американската јавност дека се бара начин тој да се стави на некои од следните летови на „Џет Блу“ за Сан Франциско.

„Опасниот“ патник е автор на книга за домувањето во Њујорк и професор на еден од тамошните колеџи.

Најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка се посочува како член на семејството за кој веројатно ќе има некакво место во новата админстрација, додека нејзиниот сопруг Кушнер го сметаат за еден од главните советници на новоизбраниот претседател.

Претставник на тимот за транзиција на Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека „случајот зборува самиот за себе“, опишувајќи го како „неверојатна и непријатна ситуација“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: