//
Следи нѐ
To Top

Дали Бастил ни ја уништија омилената божиќна песна? (ВИДЕО)

Слушнете ја нивната верзија на „All I Want For Christmas Is You“…

Кога се во прашање релативно новите божиќни поп хитови, Мараја Кери е дефинитивно на врвот! Иако песната е објавена во 1994 година, „All I Want For Christmas“ секоја година за време на празниците се враќа на врвот на светските топ листи.

реклама

Тоа значи дека сигурно ќе се најде некој кој ќе направи преработка на оваа песна, што секако, нема да ни се допадне.

Немојте да не сфатите погрешно, ги обожаваме Бастил и уживавме на нивниот настап на фестивалот Егзит, но ова едноставно не им требаше.

Дали Бастил ни ја уништија омилената божиќна песна? (ВИДЕО)

Групата Бастил настапува на Егзит 2016 / Емилија Стојменовска ПОПУЛАРНО.МК

Не само што ја обработиле песната „All I Want For Christmas“, туку додале и непотребни песни како „The Way It Is“ и „I Believe I Can Fly“! Зашто, побогу, зашто?

Ниту верзијата на песната, ниту нивните божиќни џемпери нѐ импресионираа, што ќе кажете вие?

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: