Поврзи се со нас

Популарно.мк

Дедомразовска трка во центарот на Скопје

Вести

Дедомразовска трка во центарот на Скопје

Во центарот на  Скопје денеска ќе се одржи трета дедомразовска трка како дел од празничната новогодишна програма на главниот град. На трката за учество се пријавени над 400 лица од различна возраст облечени како Дедо Мраз, а должината на патеката за трка е два километра.

Таа ќе почне напладне од плоштадот „Македонија“ и ќе продолжи по улиците „Никола Вапцаров“, „Димитрија Чуповски“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, покрај кејот на Вардар од МНР кон Археолошкиот музеј, плоштадот „Филип Втори“, Камениот мост и ќе заврши на целта –  повторно на плоштадот „Македонија“.

Пред и по трката ќе има музичка програма и прогласување на најбрзите учесници за кои ќе следуваат награди.

Дедомразовската трка ја организира Град Скопје, преку Конгресниот центар „Александар Македонски“ и „Прв до врв“, а главен поддржувач е Кока-кола.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.