Следи нѐ
To Top

МНОГУ НАСМЕАНИ ЛИЦА: Новогодишна магија на празничниот базар во Скопје(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчера се отвори портата на Новогодишниот базар „Подари среќа“ на улица Македонија. Во утринските часови стотици граѓани уживаа во новогодишната парада со Дедо Мраз и Снежната кралица.

Нивниот настап ќе продолжи во текот на целиот базар кој ќе трае до 31ви декември.

реклама

Детската програма ќе биде надополнета и со настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведби на претставата на Брашко, дружби со Петко и со магичното шоу на Иван.

– „Во ова магично катче на улица Македонија веќе се чувствува енергијата и топлата атмосфера која ја носат празниците. Овие 8 дена целиме кон зацврстување на новогодишниот дух. Со името „Подари среќа“ сакаме да го истакнеме мотото на новогодишниот базар, дека сите треба да си подариме среќа и радост со најблиските и пријателите. Базарот ќе продолжи со исто темпо и во наредните денови кога најмалите ќе продолжат да се забавуваат во детското катче и останатите ќе се загреваат со одлична музика во попладневните часови.“ истакна Вера Бошковска, директор на Конгресен центар „Александар Македонски“.

11 12 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1 20 19 18 17 16 15 14 13
<
>

Таа додаде дека ги покануваат сите граѓани да подарат среќа и на децата од СОС Детското село кои продаваат хуманитарни честитки на базарот и од кои средствата се донираат за подобар живот на децата без родители.

Првиот ден во попладневните часови after – work програмата ја отворија Back Door Band и Sarah Mace. Стотици граѓани ја слушаа нивната музика, се стоплија со греено вино и топла храна и уживаа во празничната атмосфера. Следните денови попладневната програма ќе ја исполнат ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика ќе пуштаат Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi, Dj Синиша и Dj Mats.

Посетителите на базарот ќе можат да купуваат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи со кои ќе ја споделуваат својата среќа.

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.